Ристе Костовски
Намалениот број на запишани ученици во прво одделение и останатите демографски индикатори се потенцијален ризик за структурна ранливост на економијата на долг рок. Минативе денови излезе податок дека околу 4900 првачиња помалку од минатата година. Доколку паралелно со овој индикатор се земат и останати показатели, како што се: прoцентуална годишна промена, нето миграциското салдо, стапката на фертилитет, генералниот заклучок е дека децении наназад имаме неповолни демографски движења. Причините во овие трендови се хетерогени: економската состојба, недоверба во институциите, низок квалитет на јавните услуги и слично.
Од тука, неопходни се квалитетни демографски политики за ублажување на овоие состојби бидејќи слабите демографски движења денес, генерираат структурни проблеми во економијата на долг рок. Имено, намалениот број на првачиња во оваа година генеира помал број на запишани студенти и импликации врз пазарот на труд. Воедно, диспропорциите во популационите движења во различни региони генерираат диспропорции во регионалниот развој. Понатаму, падот на населениието како фактор на производство негативно влијае на потенцијалниот БДП и производните сили на економијата воопшто. Падот на населението или стареењето на населението ја менува и структурата на потрошувачката (приватна и јавна) што во иднина создава притисок и врз фискалната политика.
| Year | Population | Yearly % Change | Yearly Change | Migrants (net) | Median Age | Fertility Rate | Density (P/Km²) | Urban Pop % | Urban Population |
| 2026 | 1,804,063 | −0.54% | −9,728 | −5,731 | 41.4 | 1.47 | 72 | 70.30% | 1,267,389 |
| 2025 | 1,813,791 | −0.51% | −9,218 | −5,645 | 41 | 1.47 | 72 | 69.40% | 1,258,951 |
| 2024 | 1,823,009 | −0.48% | −8,793 | −5,728 | 40.6 | 1.47 | 72 | 68.60% | 1,250,756 |
| 2023 | 1,831,802 | −0.46% | −8,431 | −5,597 | 40.3 | 1.47 | 73 | 67.80% | 1,242,855 |
| 2022 | 1,840,233 | −0.85% | −15,891 | −5,296 | 39.9 | 1.59 | 73 | 67.10% | 1,235,263 |
| 2020 | 1,872,015 | −1.12% | −21,670 | −23,458 | 39.3 | 1.63 | 74 | 65.20% | 1,221,133 |
| 2015 | 1,980,366 | −0.7% | −14,228 | −23,010 | 36.8 | 1.76 | 79 | 60.30% | 1,193,694 |
| 2010 | 2,051,505 | −0.37% | −7,660 | −16,668 | 34.5 | 1.71 | 81 | 57.60% | 1,182,169 |
| 2005 | 2,089,807 | 0.31% | 6,511 | −2,244 | 32.5 | 1.47 | 83 | 56.70% | 1,185,317 |
| 2000 | 2,057,253 | 0.58% | 11,744 | −2,824 | 30.9 | 1.86 | 82 | 57.90% | 1,191,344 |
| 1995 | 1,998,534 | −0.64% | −13,031 | −3,603 | 29.5 | 2.13 | 79 | 59.10% | 1,181,760 |
Извор: Worldometer (https://www.worldometers.info/world-population/north-macedonia-population/ )
Демографските текови се важни и за урбаниот развој и квалитетот на живот. Имено, преголемата централизираност и пренаселеност на одредено подрачје или подрачја создава притисок врз самата инфраструктура и послаб квалитет.
Правилната популациона политика е важна за сите димензии на општествениот развој и правилно развојно планирање.
Структурно погледнато, стареењето на населението придружено со иселување на младите генерира и конкурентска слабост на економијата бидејќи младите се пофлексибилни на промените, побрзо ги антиципираат. Конкретно, стартап екосистемот го движат младите, технолошкото претприемништво во основа е поврзано со младинско претприемништво.
Поради самиот животен циклус, младите имаат поголема склоност за иновативни и претприемачки потфати поради поголемата подготвеност за прифањање ризик. Од тука, за да го јакнеме нашиот стартап екосистем особено во време на ВИ каде што поголем интерес и склоност кон оваа технологија генерално покажуваат младите, фокусот треба да се стави во делот на поддршка на младите за вклучување во стартап заедницата со што ќе го јакнат иновацискиот капацитет на нашето стопанство.