Loading...
about

За Здружението

Платформа за економска, технолошка и институционална трансформација РЕФОРМ5 Скопје

РЕФОРМ5 е основано во 2026 година со цел да придонесе кон економски, технолошки и институционален развој преку иновации, истражување, едукација и активно граѓанско учество.

Економски развој и политики
Унапредување на економскиот развој и економските политики.
Слободен пазар и конкурентност
Унапредување на слободниот пазар и конкурентноста преку намалување на административните бариери.
Технолошка трансформација
Поттикнување на технолошка трансформација, дигитализација, иновации и примена на вештачка интелигенција.
Институционален капацитет
Развој и унапредување на институционалниот капацитет и доброто владеење.
Професионални вештини
Развој на професионални вештини и јакнење на капацитетите на младите и работната сила.
Европска интеграција
Поддршка на процесите на европска интеграција.
Човечки капитал
Развој на човечкиот капитал и унапредување на положбата на младите.
Ментално здравје
Поддршка и унапредување на менталното здравје и благосостојбата.
Граѓанско учество
Поттикнување на граѓанско учество и развој на демократски вредности.
Информации

Нашиот тим

Д-р Димитар Ковачевски

Претседател

Д-р Димитар Ковачевски е економист, професор и поранешен претседател на Владата на Република Северна Македонија.

Д-р Димитар Ковачевски е економист, професор и поранешен претседател на Владата на Република Северна Македонија со повеќе од 25 години искуство во областа на јавните политики, економското управување, академијата и извршниот менаџмент.

Пред да ја извршува функцијата претседател на Владата во периодот од 2022 до 2024 година, тој беше заменик-министер за финансии и член на Економскиот совет на Владата, задолжен за справување со економските последици од пандемијата предизвикана од COVID-19. Во моментов е пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

Д-р Ковачевски е доктор по економски науки и професор на Факултетот за бизнис економија и менаџмент при Универзитет Американ Колеџ Скопје. Автор е на бројни научни и стручни трудови објавени во домашни и меѓународни публикации.

Пред неговиот ангажман во јавниот сектор, тој изгради долгогодишна кариера во приватниот сектор, извршувајќи високи менаџерски позиции во Македонски Телеком, членка на Deutsche Telekom Group, и А1 Македонија, членка на Telekom Austria Group.

Неговото професионално искуство опфаќа корпоративен менаџмент, стратешко планирање, дигитална трансформација и бизнис развој, а бил и ко-основач на високотехнолошка компанија фокусирана на технологии за обновливи извори на енергија и одржливи иновации.

Во текот на својата кариера, д-р Ковачевски работел на повеќе домашни и меѓународни иницијативи поврзани со економски развој, иновации, конкурентност, дигитално образование, лидерство и стратешки комуникации.

Како претседател на РЕФОРМ5, д-р Ковачевски ги обединува искуствата од владата, академската заедница и бизнис секторот со цел промоција на политики засновани на докази, регионална соработка, одржлив економски раст и демократски развој.

Програмски директор и сениор истражувач на јавно мислење

Милош Јованов е истражувач на јавното мислење со фокус на млади, политика и демократски процеси.

Милош Јованов е роден во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, на студиите по новинарство.

Има петнаесетгодишно искуство во истражување на јавното мислење и е автор на повеќе публикации.

Активно е вклучен во граѓанскиот сектор и соработува со неколку организации во Македонија како експерт за истражување на јавното мислење преку телефонски и теренски анкети, како и за модерирање фокус-групи.

Неговиот фокус се теми поврзани со младите, политиката и политичките истражувања.

Учествувал во бројни домашни и меѓународни проекти поврзани со демократски процеси, младински политики и граѓанско учество.

Посебен интерес има за анализа на политичките трендови и однесувањето на гласачите, комбинирајќи квантитативни и квалитативни методи за релевантни и практични податоци.

Сениор експерт за тренинзи и ментално здравје

Проф. д-р Софија Георгиевска е универзитетска професорка, психолог, кариерен советник и ментален тренер.

Проф. д-р Софија Георгиевска е универзитетска професорка, кариерен советник, психолог и ментален тренер. Вработена е на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Предава предмети од областа на методологијата на научно истражување, статистика, младинска работа, ментално здравје и креативни техники.

Таа е раководител на Центарот за менаџмент на човечки ресурси при Филозофскиот факултет, како и раководител на последипломските студии по младинска работа и меѓународни односи.

Активно работи во областа на менталниот тренинг со спортисти, обезбедувајќи психолошка подготовка и поддршка за развој на самодоверба, концентрација, мотивација и справување со притисок.

Како сертифициран кариерен советник, има долгогодишно искуство во работа со млади, студенти и професионалци и учествувала во бројни домашни и меѓународни проекти, обуки и конференции поврзани со образованието, младинската работа и психосоцијалната поддршка.

Сениор експерт за технологија и дигитализација

Д-р Игор Бимбилоски е доктор по технички науки и менаџер со повеќе од 25 години искуство.

Д-р Игор Бимбилоски е доктор по технички науки со повеќе од 25 години менаџерско искуство во домашни и интернационални компании во Северна Македонија и регионот.

Дипломирал, магистрирал и докторирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во текот на својата кариера извршувал функции на извршен директор и член на раководни тимови во повеќе меѓународни компании од областа на ИКТ, телекомуникациите, енергетиката, здравството и дигиталните технологии.

Активно учествувал во работата на бизнис асоцијации, стопански иницијативи и владини тела поврзани со дигитализација, технолошки развој и економски политики.

Неговото искуство опфаќа управување со комплексни бизнис и технолошки трансформации, стратешки развој, дигитализација и реализација на големи проекти во јавниот и приватниот сектор на национално и регионално ниво.

Програмски координатор и економски аналитичар

Ристе Костовски е магистер по економски науки и истражувач во областа на економскиот развој.

Ристе Костовски е магистер по економски науки со долгогодишен ангажман во младинскиот, студентскиот и граѓанскиот сектор.

Уште во средношколските денови бил активен како Заменик Дете Правобранител, а подоцна активно учествувал во студентските организации и универзитетските тела.

Автор е на повеќе трудови од областа на макроекономијата презентирани на конференции на ASECU и дипломирал на тема поврзана со странските директни инвестиции.

Магистрирал по Монетарна економија, финансии и банкарство со просечен успех 9,57, со истражување во областа на јавните финансии.

Од 2021 година е дел од Стопанска Банка АД Скопје, а паралелно активно работи како експерт и истражувач на проекти поврзани со социјалното претприемништво и други општествени теми.

Автор е на бројни колумни и брифови за политики, а неговиот професионален фокус е насочен кон економскиот развој и јавните политики.

Советодавен одбор

Советодавен одбор

Проф. д-р Наташа Станојковска-Трајковска

Член на советодавен одбор

Редовен професор на Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје.

Проф. д-р Наташа Станојковска-Трајковска е редовен професор на Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Раководител е на Студиската програма по Дефектологија на трет циклус – докторски студии и претседател на Советот за квалитет на Филозофскиот факултет.

Има повеќе од 20 години академско, истражувачко и професионално искуство во областа на специјалната едукација и рехабилитација. Нејзините истражувачки интереси се насочени кон инклузивното образование, правата на лицата со попреченост, професионалната ориентација и вработувањето, аутизмот, деинституционализацијата и развојот на услуги во заедницата.

Активно учествува во национални и меѓународни проекти и експертски тимови, вклучително и во подготовката на Националната стратегија за правата на лицата со попреченост (2023–2030). Автор и коавтор е на бројни научни трудови, книги, прирачници и истражувачки извештаи, а како експерт соработувала со UNICEF, Обединетите нации, Европската Унија и други домашни и меѓународни организации.

Александар Талимџиоски

Член на советодавен одбор

Дипломиран новинар и економски аналитичар со речиси две децении професионално искуство во креирањето на јавни политики, макроекономски анализи и управување со инвестиции.

Александар Талимџиоски е дипломиран новинар и економски аналитичар со речиси две децении професионално искуство во креирањето на јавни политики, макроекономски анализи, управување со инвестиции и комплексен финансиски менаџмент на меѓународни проекти.

Во периодот од 2020 до 2024 година, тој ја извршуваше функцијата Посебен советник за економски анализи на Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања. Под негово водство е развиена системската шема за зголемување на минималната плата и пензиите, усвоени во 2022 година.

Истовремено, тој беше Главен владин координатор за Кластер 2 (Внатрешен пазар) во рамките на преговарачкиот процес за пристапување на Северна Македонија кон Европската Унија.

Дипломирал на интердисциплинарните студии по новинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први". Континуирано ја надградува својата експертиза со меѓународни специјализации, вклучувајќи PMP едукација, Microsoft Power BI Data Analyst (PL-300) и специјализирани обуки на Универзитетот во Болоња и Будимпешта.

Мисија и Визија

Нашата Мисија и Визија

Мисија

Да придонесеме кон одржлив економски и општествен развој преку истражување, едукација, дигитализација и јакнење на институциите.

Визија

Создавање модерно, иновативно и демократско општество со силни институции и активни млади.

Дејности

Дејности на Здружението

Истражувачка и аналитичка дејност

Истражувачка и аналитичка дејност.

Изработка на стратегии

Изработка на стратегии, програми и политики.

Едукација

Едукативни активности (обуки, семинари, работилници).

Претприемништво

Активности за поддршка на претприемништво и развој на пазарна економија.

Професионален развој

Обуки, тренинзи и програми за професионален развој.

Јавни настани

Организација на јавни настани и кампањи.

Проекти

Спроведување домашни и меѓународни проекти.

Издавачка дејност

Публикации, извештаи и анализи.

Соработка

Соработка со институции, организации и други правни и физички лица.

Мрежи и иницијативи

Учество во мрежи и иницијативи.

Други дејности

Други дејности во согласност со закон.