Loading...

Модерно, дигитално и економски развиено општество

РЕФОРМ5 придонесува кон подобрување на јавните политики, развој на човечкиот капитал и забрзување на реформските процеси преку истражување, едукација и спроведување проекти.

Hero Image
About
За организацијата

Платформа за економска и технолошка трансформација

РЕФОРМ5 е непрофитна, невладина организација креирана со цел да придонесе кон економски, технолошки и институционален развој на Република Северна Македонија.

Пристапот на здружението е усогласен со клучните политики на Европската Унија, вклучително и агендите за конкурентност и слободен пазар, дигитална трансформација, зелена транзиција и развој на човечкиот капитал.

Здружението својата работа ја заснова на принципите на законитост, транспарентност, јавност, професионалност и одговорност.

Визија

Модерно општество преку дигитална трансформација

Модерно, економски развиено и дигитално трансформирано општество со ефикасни институции, конкурентна економија, слободен пазар и високо ниво на благосостојба, интегрирано во Европската Унија.

Мисија

Развој преку знаење и реформи

Придонес кон подобрување на јавните политики и забрзување на реформските процеси во областа на економијата, технологијата и институциите, како и развој на човечкиот капитал, преку истражување, едукација, застапување и спроведување на проекти.

Области

Клучни области на делување

Економска трансформација

Унапредување на економските политики, зголемување на продуктивноста и конкурентноста, подобрување на бизнис климата, поддршка на мали и средни претпријатија, поттикнување на инвестиции и извоз.

Технолошка трансформација

Дигитализација на економијата и институциите, развој и примена на иновации и нови технологии, анализа и примена на вештачка интелигенција, поддршка на зелена транзиција и одржлив развој.

Млади, ментално здравје и благосостојба

Унапредување на менталното здравје кај младите, развој на животни и професионални вештини, поддршка на ранливи категории, зголемување на вработливоста.

Европска интеграција

Поддршка на реформски процеси, усогласување со европски стандарди, поттикнување регионална соработка, јакнење на институционални капацитети.

Добро владеење

Транспарентно и отчетно управување, владеење на правото, ефикасно користење на јавни ресурси и учество на граѓаните во процесите на одлучување.

Новости

Најнови активности

РЕФОРМ5 на промоција на истражување за зелената и дигиталната транзиција во Северна Македонија

19 October 2026

Претставници на РЕФОРМ5 присуствуваа на промоцијата на истражувањето „Зелена и дигитална Северна Македонија – две транзиции во контекст на европската интеграција“, подготвено од Институтот за прогресивна промена и општествени студии (ИППОС), во соработка со Меѓународниот центар „Олоф Палме“. Истражувањето отвора важни прашања за идниот развој на македонската економија, зелената транзиција, примената на вештачката интелигенција и […]

Прочитај
Ристе Костовски присуствуваше на настанот Artificial Intelligence: The Missing Link in the Design of Software Products

01 October 2026

Денес програмскиот координатор Ристе Костовски присуствуваше на презентација на тема, Artificial Intelligence: The Missing Link in the Design of Software Products каде што истакна дека за поголема ефикасност и продуктивност потребен е фокус на локализираниот микро пристап на апликабилност на AI.

Прочитај
Димитар Ковачевски учествуваше на EU Meets the Balkans 5.0

01 October 2026

Димитар Ковачевски основачот на Reform5 присуствуваше на „EU Meets the Balkans 5.0“ во Sofia Tech Park. Добра можност за разговори и размена на мислења со претставници од европските и WB6 земји, политичари, експерти, претприемачи и претставници на тинк-тенкови. Фокусот беше на геополитичките предизвици, регионалната соработка и европската интеграција во актуелново конкурентско опкружување. Благодарност до организаторите, […]

Прочитај
Публикации

Најнови публикации

Европа и „блокираните очекувања“ на младите: Од протест кон конкретни решенија

22 October 2026

REFORM5 – Платформа за економска и технолошка трансформација Во анализата на неодамнешните младински немири во европските градови, поранешниот претседател на Европската централна банка и поранешен премиер на Италија, Марио Драги, посочува на еден подлабок проблем: „блокираните очекувања“ на младите генерации. Оваа теза отвора суштинско прашање: што се случува кога младите повеќе не веруваат дека образованието, […]

Прочитај
Раст без доволна конвергенција? Макроекономските и демографските предизвици на Северна Македонија

18 August 2026

Александар Талимџиоски 1. Вовед и методолошка рамка Во последниот период, јавниот дискурс во Северна Македонија е одбележан со оптимистички изјави од страна на претставници на извршната власт, кои ја истакнуваат земјата како една од водечките економии во Европа според стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП), нагласувајќи ја стабилизацијата на инфлацијата и подобрувањето на животниот […]

Прочитај
Демографските трендови и структурната ранливост на македонската економија

13 August 2026

Ристе Костовски Намалениот број на запишани ученици во прво одделение и останатите демографски индикатори се потенцијален ризик за структурна ранливост на економијата на долг рок. Минативе денови излезе податок дека околу 4900 првачиња помалку од минатата година. Доколку паралелно со овој индикатор се земат и останати показатели, како што се: прoцентуална годишна промена, нето миграциското […]

Прочитај