РЕФОРМ5 е основано во 2026 година со цел да придонесе кон економски, технолошки и институционален развој преку иновации, истражување, едукација и активно граѓанско учество.
Д-р Димитар Ковачевски е економист, професор и поранешен претседател на Владата на Република Северна Македонија.
Д-р Димитар Ковачевски е економист, професор и поранешен претседател на Владата на Република Северна Македонија со повеќе од 25 години искуство во областа на јавните политики, економското управување, академијата и извршниот менаџмент.
Пред да ја извршува функцијата претседател на Владата во периодот од 2022 до 2024 година, тој беше заменик-министер за финансии и член на Економскиот совет на Владата, задолжен за справување со економските последици од пандемијата предизвикана од COVID-19. Во моментов е пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.
Д-р Ковачевски е доктор по економски науки и професор на Факултетот за бизнис економија и менаџмент при Универзитет Американ Колеџ Скопје. Автор е на бројни научни и стручни трудови објавени во домашни и меѓународни публикации.
Пред неговиот ангажман во јавниот сектор, тој изгради долгогодишна кариера во приватниот сектор, извршувајќи високи менаџерски позиции во Македонски Телеком, членка на Deutsche Telekom Group, и А1 Македонија, членка на Telekom Austria Group.
Неговото професионално искуство опфаќа корпоративен менаџмент, стратешко планирање, дигитална трансформација и бизнис развој, а бил и ко-основач на високотехнолошка компанија фокусирана на технологии за обновливи извори на енергија и одржливи иновации.
Во текот на својата кариера, д-р Ковачевски работел на повеќе домашни и меѓународни иницијативи поврзани со економски развој, иновации, конкурентност, дигитално образование, лидерство и стратешки комуникации.
Како претседател на РЕФОРМ5, д-р Ковачевски ги обединува искуствата од владата, академската заедница и бизнис секторот со цел промоција на политики засновани на докази, регионална соработка, одржлив економски раст и демократски развој.
Милош Јованов е истражувач на јавното мислење со фокус на млади, политика и демократски процеси.
Милош Јованов е роден во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, на студиите по новинарство.
Има петнаесетгодишно искуство во истражување на јавното мислење и е автор на повеќе публикации.
Активно е вклучен во граѓанскиот сектор и соработува со неколку организации во Македонија како експерт за истражување на јавното мислење преку телефонски и теренски анкети, како и за модерирање фокус-групи.
Неговиот фокус се теми поврзани со младите, политиката и политичките истражувања.
Учествувал во бројни домашни и меѓународни проекти поврзани со демократски процеси, младински политики и граѓанско учество.
Посебен интерес има за анализа на политичките трендови и однесувањето на гласачите, комбинирајќи квантитативни и квалитативни методи за релевантни и практични податоци.
Проф. д-р Софија Георгиевска е универзитетска професорка, психолог, кариерен советник и ментален тренер.
Проф. д-р Софија Георгиевска е универзитетска професорка, кариерен советник, психолог и ментален тренер. Вработена е на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Предава предмети од областа на методологијата на научно истражување, статистика, младинска работа, ментално здравје и креативни техники.
Таа е раководител на Центарот за менаџмент на човечки ресурси при Филозофскиот факултет, како и раководител на последипломските студии по младинска работа и меѓународни односи.
Активно работи во областа на менталниот тренинг со спортисти, обезбедувајќи психолошка подготовка и поддршка за развој на самодоверба, концентрација, мотивација и справување со притисок.
Како сертифициран кариерен советник, има долгогодишно искуство во работа со млади, студенти и професионалци и учествувала во бројни домашни и меѓународни проекти, обуки и конференции поврзани со образованието, младинската работа и психосоцијалната поддршка.
Д-р Игор Бимбилоски е доктор по технички науки и менаџер со повеќе од 25 години искуство.
Д-р Игор Бимбилоски е доктор по технички науки со повеќе од 25 години менаџерско искуство во домашни и интернационални компании во Северна Македонија и регионот.
Дипломирал, магистрирал и докторирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Во текот на својата кариера извршувал функции на извршен директор и член на раководни тимови во повеќе меѓународни компании од областа на ИКТ, телекомуникациите, енергетиката, здравството и дигиталните технологии.
Активно учествувал во работата на бизнис асоцијации, стопански иницијативи и владини тела поврзани со дигитализација, технолошки развој и економски политики.
Неговото искуство опфаќа управување со комплексни бизнис и технолошки трансформации, стратешки развој, дигитализација и реализација на големи проекти во јавниот и приватниот сектор на национално и регионално ниво.
Ристе Костовски е магистер по економски науки и истражувач во областа на економскиот развој.
Ристе Костовски е магистер по економски науки со долгогодишен ангажман во младинскиот, студентскиот и граѓанскиот сектор.
Уште во средношколските денови бил активен како Заменик Дете Правобранител, а подоцна активно учествувал во студентските организации и универзитетските тела.
Автор е на повеќе трудови од областа на макроекономијата презентирани на конференции на ASECU и дипломирал на тема поврзана со странските директни инвестиции.
Магистрирал по Монетарна економија, финансии и банкарство со просечен успех 9,57, со истражување во областа на јавните финансии.
Од 2021 година е дел од Стопанска Банка АД Скопје, а паралелно активно работи како експерт и истражувач на проекти поврзани со социјалното претприемништво и други општествени теми.
Автор е на бројни колумни и брифови за политики, а неговиот професионален фокус е насочен кон економскиот развој и јавните политики.
Да придонесеме кон одржлив економски и општествен развој преку истражување, едукација, дигитализација и јакнење на институциите.
Создавање модерно, иновативно и демократско општество со силни институции и активни млади.
Истражувачка и аналитичка дејност.
Изработка на стратегии, програми и политики.
Едукативни активности (обуки, семинари, работилници).
Активности за поддршка на претприемништво и развој на пазарна економија.
Обуки, тренинзи и програми за професионален развој.
Организација на јавни настани и кампањи.
Спроведување домашни и меѓународни проекти.
Публикации, извештаи и анализи.
Соработка со институции, организации и други правни и физички лица.
Учество во мрежи и иницијативи.
Други дејности во согласност со закон.