Утрово, Ристе Костовски, програм координатор во Reform5, преку видео врска се вклучи на конференцијата „Trust and Partnership at the Heart of EU Enlargement“.
Во рамки на конференцијата, низ говорите и дискусиите на учесниците беа опфатени клучни аспекти поврзани со геополитиката, процесот на проширување на Европската Унија, како и потенцијалот за инвестиции во зелената енергија и други стратешки сектори во регионот на Западен Балкан.
Особен акцент беше ставен и на улогата на граѓанскиот сектор како важен партнер во унапредувањето на демократските процеси, регионалната соработка и европската интеграција.
