Нашиот програмски директор, Милош Јованов Milos Jovanov, учествуваше на стратешкиот форум на LIBSEEN во Варшава, заедно со претставници на граѓанското општество, активисти и носители на одлуки од Централна и Источна Европа и Балканот.
На форумот се отворија важни дискусии за предизвиците со кои се соочува граѓанскиот простор, потребата од заштита и унапредување на демократските вредности, како и за зајакнување на соработката помеѓу граѓанскиот сектор и институциите.
Размената на искуства, идеи и добри практики уште еднаш потврди дека солидарноста, активното граѓанско учество и либералните вредности остануваат темел за изградба на поотворени, послободни и подемократски општества.
