Во EU House Skopje ја одржавме нашата прва конференција „Future Shift: Економија, технологија, млади“, со што го означивме почетокот на делувањето на РЕФОРМ5 – Платформа за економска и технолошка трансформација.
Претседателот на РЕФОРМ5, проф. д-р Димитар Ковачевски, истакна дека платформата е основана од професионалци со богато академско и практично искуство, со цел да придонесе кон економскиот, технолошкиот и институционалниот развој на Македонија.
РЕФОРМ5 започнува како независна платформа за анализи, истражувања и јавни политики.
Дигиталната трансформација, економскиот развој, вештачката интелигенција и младите се меѓу клучните теми за иднината на државата.
Платформата е отворена за сите кои сакаат да придонесат со знаење, идеи и експертиза.
На конференцијата членовите на тимот на Реформ5, Игор Бимбиловски, Ристе Костовски, Милош Јованов и Софија Георгиевска, презентираа анализи за дигиталната зрелост на Македонија, позицијата на земјата на меѓународните индекси за иновативност, глобалниот индекс за подготвеност за вештачка интелигенција, како и истражувања за ставовите на младите и предизвиците поврзани со нивното ментално здравје.

Им благодариме на сите учесници, поддржувачи и гости кои беа дел од овој важен почеток.