Loading...
Новости

Младински ставови за политиката – Клучни наоди

28 June 2026

Истражувањето на РЕФОРМ5, спроведено меѓу 503 млади, покажува дека младите ја препознаваат важноста на демократијата и гласањето, но остануваат недоволно вклучени во граѓанскиот и политичкиот живот.

58% би се преселиле од Македонија, најчесто поради корупцијата, нискиот животен стандард и нефункционалните институции.
Само 29% се активно вклучени во организации или клубови.
76% сметаат дека секој граѓанин треба да гласа, а 65% веруваат дека нивниот глас може да направи разлика.
Наодите укажуваат на потреба од поголема политичка писменост, посилни институции и повеќе можности за активно учество на младите.

Истражувањето беше презентирано на конференцијата „Future Shift: Економија, технологија, млади“, во организација на РЕФОРМ5, каде беа отворени важни дискусии за улогата на младите во демократските процеси и идниот развој на државата.

Во инфографикот се прикажани најважните резултати од истражувањето, кои претставуваат основа за креирање политики насочени кон поголемо младинско учество, зајакнување на институциите и создавање подобри можности за младите.