На конференцијата „Future Shift: Економија, технологија, млади“, организирана од Reform 5, беа презентирани наодите од анализа базирана на четири меѓународно признати индекси за дигитална трансформација и иновативност.
Податоците покажуваат јасна слика: Северна Македонија ги има поставено основните дигитални темели, но најголемиот предизвик повеќе не е инфраструктурата.
Разликата денес ја прават знаењето, дигиталните вештини, иновациите и способноста технологијата да се претвори во економска вредност.
За побрз економски раст потребни се:
повеќе инженери, истражувачи и дигитални експерти;
повеќе компании што користат вештачка интелигенција, автоматизација и напредни технологии;
повеќе домашни иновации што ќе се претворат во производи, услуги и извоз.
Конкурентноста на иднината нема да се мери само со технологијата што ја имаме, туку со тоа колку успешно ја користиме.