Loading...
Новости

Ристе Костовски учествуваше на работилница за медиумска писменост и борба против дезинформации

03 June 2026

📚 Ристе Костовски, програмски координатор во Reform5, учествуваше на работилницата за медиумска писменост „Лажни вести, алгоритми и поларизација: јакнење на отпорноста на младите“, која се одржа од 3 до 5 јуни.
Работилницата беше организирана од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) во партнерство со Центарот за балканска соработка ЛОЈА и Центарот за интеркултурен дијалог (CID), во рамки на проектот „Од свесност до акција“ (A2A), поддржан од Глобалниот фонд за ангажираност и отпорност на заедниците (GCERF).
Настанот беше посветен на медиумската писменост, препознавањето на дезинформации, влијанието на алгоритмите и јакнењето на отпорноста на младите кон манипулации и поларизација во дигиталниот простор.